Во центарот на Токио е поставена новогодишна елка што ги заслепи сите. Таа е направена од чисто злато, висока е два метра и чини 1,7 милион евра.
Специјалната елка во јапонската престолнина светна вчера во луксузната продавница за накит „Гинза Танака“.
Божикното дрво е направено од 19 килограми чисто злато и е изработено специјално за 90-годишнината на продавницата.
– Во сегашната ситуација, кога светската економија страда како резултат на економската нестабилност предизвикана од брекзит, ја направивме златната елка со надеж дека таа ќе ги избледи мрачните вести и ќе придонесе за посветла и сериозна иднина – изјави менаџерот на продавницата Такахиро Ито.
Елката се продава, но повеќето клиенти на продавницата се задоволуваат само да и се насладуваат. Златната елка ќе остане во продавницата до 25 декември.
„Гинза Танака“, исто така, направи импресивна елка во 2011 година, која беше висока повеќе од два метри. Во 2006 година таа повторно ги импресионираше своите клиенти со неверојатни божикни украси.
Сепак, ова не е најскапата елка во светот. Оваа чест му припаѓа на хотел „Емиратс плејс“ во Абу Даби.
Во 2010 година во хотелот со 302 соби беше поставена 12-метарска зимзелена елка со златни и со сребрени топчиња, венци и бели светла, како и со ѓердани, обетки и друг накит. Вкупната нејзината вредност достигна рекордни 8,18 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илјадници верници се собраа во Витлеем: Светна божикната елка во родното место на Исус
-
Елката на Рокфелер со ѕвезда од 3 милиони „swarovski“ кристали светна во Њујорк
-
Ќе ви донесе куп среќа: Во пресрет на празниците, не е сеедно каде ја поставувате елката!
-
На Олимписките игри во Токио ќе има мобилна џамија