Голем пожар избувна во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрам-паша. Пламените брзо се раширија наоколу и при тоа пожарот ги опфати и соседните згради, јави турската телевизија „НТВ“.
На местото на несреќата се испратени многу пожарникарски возила. Пожарникарите се обидуваат да ги изгаснат пламените во фабриката од каде што се издига густ црн чад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.