| четврток, 6 декември 2018 |

Почина трудница во поодмината бременост

brza

Дваесет и шестгодишна трудница од Штип во поодмината бременост почина во штипската Клиничка болница.

Трудницата завчера вешерта била примена во Итната медицинска помош со симптоми на труење, односно дијареа и повраќање, а откако и е укажана лекарска помош, се вратила дома. Но, вчера рано наутро и се влошила состојбата по што семејството ја однеле на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. По направената анализа на крвта, веднаш е префрлена на Одделението за гинекологија и акушерство. Тимот од лекари процениле дека нејзината состојба е животно загрозувачка за да се транспортира во Клиничкиот центар во Скопје, по што веднаш почнале со нејзина реанимација и се обиделе да го спасат новороденчето, но обидите биле неуспешни.

Раководството на Клиничката болница го потврди случајот и најави дека во текот на денешниот ден подетално ќе информира за смртта на 26-годишната трудница и нејзиното новороденче.

Телото е предадено на обдукција во Скопје со цел да се утврдат причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top