-Новоизбраниот претседател е поразличен од сите до сега во еден аспект- тој апсолутно нема никави оптеретувања- смета поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер по средбата со Доналд Трамп.
-Овој претседател е поразличен од сите останати бидејќи нема никакви оптеретувања кон никого. Тој стана претседател врз основа на своја сопствена стратегија и претставувајќи и на американската јавност програма која неговите ривали ја немаа. Токму поради тоа ова е единствена ситуација- вели Кисинџер.
-Сметам дека не треба да се става акцент на сите негови ветувања во неговата кампања за кои тој нема да инсистира. Секако, доколку инсистира тогаш ќе се јават несогласувања, но треба да му дадеме прилика да развива позитивни цели и да разговара за нив- истакна поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.