| четврток, 6 декември 2018 |

Љубисав Иванов– Ѕинго: Никола Груевски е најголемиот реформатор

Никола Груевски е најголемиот реформатор, посочи претседател на Социјалистичката партија на Македонија, Љубисав Иванов – Ѕинго кој се обрати во Охрид на митингот на коалицијата „За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

-Oд една страна имаме човек кој со политика на Ганди носи живот во Македонија, а од друга страна има еден лажго. Никола Тесла еднаш рекол: Не ми е криво што ми ги крадете идеите криво ми е што немате свои. Сега, на митинзи ќе ветуваат се и сешто. Ако власта направила вака ние ќе направиме дупло. Ама провидни им се лагите. Македонија пак ќе победи. Да живее Македонија. Ќе се вратам за четири години – рече Љубисав Иванов– Ѕинго.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top