| четврток, 6 декември 2018 |

„Еден ден сè ќе пукне“: Трамп ги потсети на Ричард Рорти кој предвиде крах на старите демократи

Речиси 20 години старото предвидување на тврдокорниот левичар, професор и филозоф Ричард Рорти, денес на големо се цитира, копира и споделува на социјалните мрежи

Додека Американците се чешаат по главата и се обидуваат да сфатат како е можно фигура како Доналд Трамп да успее да стане претседател, покојниот професор од Стенфорд, тврдокорниот левичар, професор и филозоф Ричард Рорти, уште во 1998 година предвидел „крах на старите демократи“.

Рорти таа година објавил кратка книга со наслов: „Остварување на нашата земја:Левичарите и Америка во 20. век“, во која до точка го предвидел пукањето на левичарската коалиција, за која рекол дека ќе се задуши во сопствениот цинизам, потсетува Њујорк Тајмс.

screenshot-8

По победата на Трамп, многумина се сетиле на професорот Рорти, а за неговата книга зборувал дури и Барак Обама во интервјуто за NewYorker.
Во својата книга, Рорти предвидел дека „таканаречената левица ќе се сврти кон културолошка наместо реална политика“. Оценил дека таквиот политички потег ќе придонесе за голем број на незадоволства, кои ќе се развијат во тој облик кој американската левица се обидувала да го искорени.

-Се додека на пролетерите им се одвлекува вниманието од нивниот очај, и тоа благодарение на псевдослучаите во режија на меинстрим медиумите, како крвавите национални војни, супер-богатите нема да имаат причина за грижа. Но, кога демократските институции ќе почнат да се уриваат, работниците ќе сфатат дека Владата не се ни обидувала да го спречи намалувањето на нивната заработка или губењето на нивната работа. Така ќе сфатат дека ни средната класа нема да им помогне, дека е премногу исплашена и дека ќе стане нив. Во тој момент, нешто ќе пукне- пишувал Рорти.

Професорот го предвидел тоа што го нарекол, „логичен тек на настани“.
-Луѓето од внатрешноста ќе одлучат дека системот пропаднал, и ќе барат човек со силен карактер за кој ќе гласаат, некој кој ќе ги убеди дека, кога ќе го изберат, самозадоволните бирократи, превртливите адвокати, преплатените брокери и постмодернистичките професори нема да бидат тие кои ќе ја креираат нивната судбина- напишал професорот во 1998. година

2835

Рорти тогаш рекол дека никој не може да предвиди што би можел таквиот претседател да направи за САД, но истакнал дека сигурно би започнал “лош период за малцинствата”.

-Една работа сигурно би се случила. Сè што било направена за правата на црнците, малцинствата, ЛГБТ популацијата и останатите…ќе биде избришано. Презирот кон жените ќе се врати во мода. Ќе не преплават нетолеранција и садизам, а сиот бес на слабо образованите Американци поради тоа што судбината им ја кројат оние со факултетска диплома, ќе излезе на виделина-предвидел Рорти.

Ричард Рорти, еден од симболите на американската левица во 20. век, рекол дека таквиот претседател брзо ќе ја доведе земјата во уште полоша економска состојба, и на крајот едноставно ќе се смири со супербогатите.

Засега, делува дека победата ан Доналд Трамп е остварување на првиот дел од предвидувањето на Рорти, пишува Guardian. Трамп победил благодарение на кампањата во која пропагирал идеи за антиестаблишмент, но веднаш по изборите во својот тим ги ставил сите можно лобисти од големите светски индустрии, а за шеф го поставил Стивен Бенон, поранешен банкар на „Goldman Sachs“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top