| четврток, 6 декември 2018 |

Токсичен мед од Кина и на македонските пазари и во маркетите

Иако во Македонија се произведува висококвалитетен мед, увезени се речиси 40 тони мед. А бидејќи кинескиот може да се набави за 1,30 евра, јасно е од каде доаѓа најголемиот увоз. Потоа продавачите ги мешаат домашниот и кинескиот мед, некогаш дури и во однос 9:1, и го продаваат како домашен.

Најсигурно за потрошувачите е да купуваат мед само од проверени производители кои пчелините семејства ги чуваат во чиста околина и не користат додатоци во нивната исхрана, а не од зелените пазари или од маркетите. Медот што го купуваат треба да биде компактен и проѕирен, со иста структура во теглата. При отворање на теглата треба да има специфичен мирис на мед.

Пчеларите предупредуваат дека прв знак дека нешто не е во ред ако видат на полиците во продавниците мед од чудни билки, на пример од лаванда. Тоа може да биде производ на база на етерични масла или меласа, зашто мед од права лаванда нема.Пчеларите предупредуваат дека евтиниот мед е на граница на токсичност, а домашниот квалитетен мед можат да го познаат и по цената – 350 денари за килограм.

 

ulje-od-lavande

Кога купувате мед во маркет или на пазар, не можете да бидете сигурни што купувате, бидејќи единствен начин да се препознае вистински мед од фалсификат е со хемиска анализа. Иако постои законска регулатива за означување на медот, сепак потрошувачите се сомневаат во квалитетот на медот што го купуваат, особено поради фактот што во последно време на пазарот се појавија многу фалсификувани пчелини производи.

Во медот не смеат да се додаваат ниту најмали количества на адитиви или други состојки, ниту пак смее да се загрева на високи температури. Медот кој поради загревање на високи температури или филтрација изгубил некои од своите изворни својства, треба да биде посебно означен како „филтриран мед“.

Медот кој се произведува со помош на дохрана со шеќер нема својствен мирис, тој или е без мирис или има мирис на восок. Некои видови на мед се прилично светли, но медот никако не смее да биде во потполност безбоен. Од друга страна, темниот мед со вкус на карамела исто така може да значи дека се работи за вештачки или лош производ.

Послабо информираните купувачи често избегнуваат купување на т.н. зашеќерен или кристализиран мед, бидејќи се сомневаат во неговиот квалитет, но вистината е дека секој мед кристализира со тек на време. Некои видови на мед кристализираат многу брзо, а некои многу бавно, но важно е да се запамети дека кристализацијата не влијае на квалитетот на медот. Кристализацијата се јавува и поради складирањето на ниски температури, како и мешање на медот. При производството на т.н. кремаст мед намерно се поттикнува кристализација, бидејќи таквиот мед е многу практичен како намаз, а се карактеризира со непроѕирна бела боја.

Целиот текст можете да го прочитате на Вечер.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top