| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ Нова доби мобилно студио за изборите (ГАЛЕРИЈА)

Телевизија Нова и во текот на изборната кампања продолжува со трендотпоставен уште од првото појавување во македонскиот етер, а тоа е воведување на нови стандарди во креирањето на информативната програма, велат од телевизијата.

Исто како и светските информативни мрежи Си-Ен-Ен и Фокс, и Телевизија Нова воведува мобилно студио кое одблиску ќе ги следи активностите на најголемите политички партии во текот на кампањата.

Мобилното студио ебрендиран автобус кој од самото место ќе известува од митинзите на политичките партии.

-Нашето мобилно студио е сателитиски поврзано и во него има најсофистицирана телевизиска опрема. Покрај нашите репортери километражата на мобилното студио до затворањето на кампањата ќе ја одбројуваат и голем број на аналитичари и експерти со чии анализи ќе се обидеме најдетално и први да ве информираме за активностите на кандидатите за новиот собраниски состав. За да бидеме први ќе помогнат и будните очи на најбројниот дописен тим во Македонија кој овозможува во живо во секое време да се вклучат во програмата на Телевизија Нова, велат од телевизијата.

Тимот на Телевизија Нова за изборите подготви и бројни анализи, графички прикази и прилози кој имаат за цел на гледачите да им овозможат досега невидено визуелно искуство во поглед на изборното информирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top