| четврток, 6 декември 2018 |

Случајна жртва – фитнес-инструкторката сепак е изрешетана по грешка!

tea

Фитнес-инструкторката Теодора Качански, која е изрешетана во Нови Сад, најверојатно била случајна жртва, односно била случајна цел на напаѓачот, кој не гледал каде пука.

Како што пишуваат српските медиуми, Теодора седнала зад волан на џипот на своето момче Ненад Стевиќ (38), кој неколку моменти претходно излегол од автомобилот. Девојката е во критична состојба, а полицијата трага по напаѓачот.

-Ненад го паркирал џипот спроти зградата во која живеат и излегол оставајќи ги вклучени трепкаќите. Тргнал кон зградата, а Теодора од совозачкото место преминала на возачкото. Тогаш од грмушките се појавил напаѓачот и истрелал неколку куршуми во неа. Таа, очигледно, не била  целта. Или е случајна жртва поради замена на местата во џипот, или послужила како предупредување за момчето – рекол извор од истрагата.

Според сознанијата, Ненад е, наводно, близок со криминалните кругови. Се зборува дека има фирма за обезбедување, синџир маркети, дека се занимава со лихварство. Се доведува и во врска со автомафијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top