| четврток, 6 декември 2018 |

Најсексапилниот маж за 2016 според „Пипл“ (фото)

dnevnata-ishrana-na-dvejn-dzhonson-119921

Двејн Џонсон е избран за најсексапилиот маж на планетата.

44-годишниот Џонсон ќе биде удостоен со титулата за 2016 година и ќе биде на насловната страна на специјалниот број на списанието „Пипл“.

download-1

Минатата година поранешниот фудбалски ас на Велика Британија, Дејвид Бекам, беше прогласен за најсекси маж на планетата.

Списанието „Пипл“ оваа титула ја доделува од 1985 година. Првиот нејзин носител е Мел Гибсон. Со титула се закитиле и актерите Крис Хемсворт, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Чанинг Тејтум.

Двократни носители на титулата се Џорџ Клуни, Џони Деп и Ричард Гир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top