Само секунди го делеа Милан од голема победа на градското дерби со Интер, но Силвио Берлускони сепак е незадоволен од тактичките замисли на тренерот Винченцо Монтела. Првиот човек на „росонерите“, кој следниот месец би требало да го продаде клубот на кинески инвеститори, е упорен на ставот дека екипата може да игра многу подобро доколку Монтела ги послуша неговите совети и ја смени формацијата.
– Му честитав на Монтела за второто место, но имаме различни мислења кога станува збор за тактиката. Убеден сум дека Милан треба да игра на ист начин како и во најуспешните времиња на нашиот клуб, со формацијата со која доминиравме на европската сцена триесетина година. Мој став е дека треба да играме со два класични напаѓачи и еден плејмејкер, додека Монтела упорно инсистира на тактика со двајца крилни офанзивци. Што се однесува до дербито, конечниот резултат е фер. Штета што примивме гол во последната минута, но не игравме лош натпревар и сега сме крај Рома на второто место на табелата – изјави Берлускони.
Тој воедно најави дека купопродажбата на клубот се очекува да биде комплетирана до 13 декември, кога новите сопственици очекуваат да добијат авторизација за трансакцијата од страна на кинеските власти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Прекинато големото дерби, претсеателот на ПАОК влезе на теренот со пиштол (Видео)
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго