Австриското обвинителство покрена обвинение против двајца сириски мигранти, на возраст од 19 години, за брутално убиство на 30-годишниот српски пејач Александар Марковиќ – Аки, кој живеел и работел во Салцбург.
Според обвинението, обвинетите го давеле Марковиќ, му ги врзале рацете и нозете, па го ставиле во када. Со мачење се обидувале од него да го добијат пинот на неговата кредитна картичка, од која сакале да ги повлечат парите.
Тинејџерите, кои биле уапсени две недели по злосторството, рекле дека немале намера да го убијат пејачот, туку само да го ограбат во неговиот стан, пренесуваат австриските медиуми.
Еден од двајцата мигранти практично го признал убиството. Тој изјавил дека ја врзал и ја гушел жртвата, но не верувал дека тоа ќе го убие. Неговиот соучесник, пак, признал дека го ограбил станот во кој провалиле, но негирал дека учествувал во претепувањето и давењето на жртвата.
Мачењето било смртоносно за пејачот. Кога сфатиле што направиле, Сиријците пробале со детергент и со шампон да ги измијат своите траги и отисоци. Потоа темелно го превртиле станот и ги собрале сите скапоцености, како и најмалку 45 парчиња облека, мобилниот телефон на жртвата и неговата торба.
По излегувањето од станот, Сиријците биле забележани од страна на соседите. Исто така, во станот случајно била оставена и привремената исправа на еден од мигрантите. Тој бил уапсен во Германија, а на себе ја носел облеката на убиениот Марковиќ.
Австрискиот кривичен закон за убиство предвидува казни од десет години до доживотен затвор, во зависност од околностите во поединечните случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија