
Милан и Интер во интересен натпревар ремизираа 2-2 во градското дерби на „Сан Сиро“. „Росонерите“ имаат за што да жалат бидејќи два пати доаѓаа до предност преку Сусо, но не дојдоа до цел плен откако примија гол во 92. минута, кога Перишиќ спаси бод за „нероаѕурите“ на дебито на новиот тренер Стефано Пиоли.
Шпанецот го донесе Милан во водство при крајот на првиот дел, но само неколку минути во второто полувреме му беа потребни на Кандрева за да го израмни резултатот. Кога по одлична акција Сусо повторно реализираше за 2-1, Интер се спаси преку Хрватот Перишиќ по корнер во последните моменти од мечот.
„Росонерите“ со ова реми останаа на третото место со 26 бода, седум помалку од лидерот Јувентус. Интер со голот на Перишиќ се искачи на осмата позиција со 18 бода, осум помалку од градскиот ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим


