Бегалец од Северна Кореја кој работел во Иститутот за долговечност, раскажал за медиумите една помалку бизарна работа за целта на оваа институција која е една и единствена – продолжување на живтот на лидерот Ким Јонг Ун.
Хионг Су Ким, кој побегнал од Северна Кореја во 2009 година, а работел во Институтот уште додека на чело на државата бил Ким Јонг Ил, таткото на сегашниот лидер.
– Таму работевме околу 130 научници, скоро сите од универзитетот во Северна Кореја, специјализирани за медицина и технологија. Институтот е под постојана највисока безбедносна заштите и максимално е обезбеден, а имаше и истражувачки и информативен центар. Освен со стражарите и војниците кои ги има на секој ќош, опкружен е и со 4-метарски ѕид и жица која е под висок напон, открил Севернокореецот.
Таму тие одгледувале и прехрамбени производи за Ким затоа што тој страдал од повеќе болести меѓу кои и дијабетис.
– Двјцата последни лидери беа дебели, па ние моравме да го проучуваме здравјето на такви, покрупни мажи, но тоа во Северна Кореа е многу тешко затоа што таму луѓе со прекумерна тежина нема. Таму луѓето се потхранети. Понекогаш ги прегледувавме странските дипломати кои ретко знаеја да ја посетат земјата, но никогаш не им откривавме зошто им правиме преглед, вели Хионг Су.
Кога тој почнал со работа во Институтот, морал да потпише дека никогаш нема да ги открие тајните оттаму, а кога еден од неговите колеги открил повеќе од дозволеното, тој и целото негово семејство завршиле во работнички логор.
Инаку севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е познат гурман, а се вели дека особено обожува квалитетно сирење, со кое е опседнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако незнаете каде да одите на одмор, еве предлог: Вака изгледа летување во Северна Кореја!
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Средбата на првите дами на Северна и Јужна Кореја ја засени онаа на Меланија и Брижит
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)