| четврток, 6 декември 2018 |

Тие се хит во Германија: Лајпциг оди по стапките на Лестер

rb

Борусија Дортмунд славеше со 1-0 на големото дерби со Баерн, но сепак друг тим доминира на насловните страници на весниците во Германија. Лајпциг се уште е без пораз и заслужено се наоѓа на првото место на табелата со три бода предност во однос на Баерн и шест пред „милионерите“.

Главната дилема е дали новиот прволигаш може да го издржи ваквото темпо, а тренерот на Борусија, Томас Тухел, предупреди дека игрите на Лајпциг во многу нешта го потсетуваат на ланското чудо на Лестер во Премиер-лигата.

– Лајпциг оди по стаките на Лестер, секогаш кога ги гледам нивните натпревари забележувам ситници кои ме потсетуваат на англискиот шампион. Тоа беше феноменален успех на една „мала“ екипа, а сега истото може да се случи и во Германија. Една работа да биде јасна, Лајпциг не е чудо што се случува преку ноќ, туку добро организиран клуб со стабилен спонзор. Апсолутно мораме сериозно да гледаме на нив како на ривал за титулата, уште повеќе ако се потсетиме на примерот на Лестер во Премиер-лигата, изјави Тухел.

Борусија Дортмунд сезонава веќе го одигра својот натпревар со Лајпциг, губејќи на гостински терен од овој тим со 1-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top