| четврток, 6 декември 2018 |

Сите ги отпишаа, а тие победуваат: Хероите од Металург ја освоија Норвешка

metalurg

Актуелниот македонски вицешампион Металург ја оствари третата победа во Лигата на шампионите оваа сезона откако попладнево по вторпат го совлада норвешкиот Елверум (31-26).

Ако во Скопје до триумфот дојде со голот на Талевски во последната секунда, денеска победата беше изразена со многу поголема разлика и сето тоа откако сите го отпишаа тимот од Автокоманда. Mомците на Лино Червар не планираа да се предадат без борба, а токму тоа им донесе заслужена победа бидејќи водеа од првата до последната минута.

Најефикасен на мечот беше Кузмановски со девет гола, Велковски даде пет, а Талевски три, но подеднакво голем придонес има голманот Дарко Арсиќ кој оствари дури 14 одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top