Нема одложување на први јануари официјално стапува на сила новиот закон за извршување. Од новите правила корист ќе имаат доверителите , должниците но и самите извршители.
Со новите измени повеќе нема да може да се блокира сметката на должникот без претходно тој да биде известен дека има некаков долг. По предупредувањето извршителот треба да даде рок од три дена во кои должникот ќе има нова шанса да го плати долгот. Ако и по опомената не одговори во тој случај извршителот ќе може да испрати налог до банката да се блокира сметката . Во исто време и должникот ќе добие известување, каде и колку должи. Извршителите нема повеќе да бидат мета на критики. Во првоте девет месеци извршителите во земјава примиле над130 илјади барања за извршување . Реализирани се 28 отсто од нив. Вкупниот изност на наплата од извршување изнесува над 76 милиони евра, два милиони евра помалку од лани. Во моментов во земјава има над 100 извришители. Според комората оваа бројка е голема и не сите имаат работа. Новите измени во законот минмално ќе го намалат бројот на барања но тоа нема да затвори дел од канцелариите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


