Ако сакате годинава да ја завршите подносливо, а во новата година да влезете среќни и стабилни, позабавете се со овие работи, имате време уште само 45 дена!
Декември е важен месец затоа што е вистинско време за поставување основи за идната година. Затоа својата енергија насочете ја на иднината и постигнувањето на идните цели, а тоа ќе го постигнете само ако се отарастите од овие мисли кои само ве влечат назад. Значи, ова е идеално време да се подготвите за дочекот на една нова, подобра година и тоа со донесување одлуки кои ќе влијаат на нејзиниот квалитет. Разбистрете ги мислите, одредете ги целите и фокусирајте се на својата иднина.
Еве на што треба да посветите внимание:
1. Поставете си цел и трудете се во новата година да напредувате, кукањето над ситуацијата нема да ви помогне.
2. Време е да почнете со позитивни работи. Откажете се од шаблоните!
3. Сите искушенија и проблеми се моментални, но научените лекции се благо кое го стекнувате и го имате засекогаш.
4. Не се мачите се веднаш да сфатите. Она што денес ви изгледа дека нема смисла, ќе ви изгледа сосема логично еден ден.
5. Засекогаш оставете ја мислата дека ништо не ви оди од рака. Се е подобро отколку што ви се чини, ценете го она што го имате и знајте дека секогаш може да биде и полошо.
6. Престанете да се прашувате зошто тоа ви се случува токму вам. Место реторички прашања, обидете се нешто да научите од дадената ситуација.
7. Изгаснете го нагонот се да контролирате. Можеби нема да имате се што сакате и кога ќе посакате, но признајте си дека секогаш го имате она што ви треба кога навистина ви треба.
8. Престанете да мислите дека грешките се нешто најлошо на светот. Секоја грешка е лекција за себе која помага да созреете и која еден ден ќе ви биде од помош.
9. Отстранете ја потребата секогаш да сте во право. Ако сте сигурни во својот избор нема потреба нешто да докажувате.
10. Никогаш не велете дека за вас е предоцна. Вашите соништа се многу важни и тука се со причина. Следете го своето срце и чекорете кон целта и ќе бидете слободни, успешни и среќни!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.