Девојка на возраст од 30 години била изрешетана вчера вешер во Нови Сад додека излегувала од автомобил, во населбата Телеп. Според информациите со кои располага порталот девојката, се здобила со тешки повреди и се наоѓа во животна опасност.
Во девојката Т.К. било пукано кога излегувала од возилото, црн џип. Напаѓачот излегал во непознат правец.
Според шпекулации што ги објавуваат српските медиуми девојката била во друштво на нејзиното момче, кое, неофицијално, зад себе имало дебело кривично досие, односно 15 пријави за кривични дела.Се претпоставува дека мета на нападот било нејзиното момче, но по грешка настрадала девојката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.