| четврток, 6 декември 2018 |

МНР потврди: 36- годишна велешанка пронајдена мртва во Лондон

Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија. Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.

– Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка, рекоа неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.

Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.

Девојката била пронајдена изминатиов вторник. Потоа им било соопштено на нејзините родители во Велес. Македонката која им ја соопштила трагичната вест на родителите на девојката не знаела што се случило претходно. Таа кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција од чии резултати ќе се утврди причината за смртта, јави порталот Дума.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top