| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазил две деца, па побегнал

Вчеравечер во 21,30 часот во Прилеп на ул.„Трајко Тарцан“ се случила сообраќајна незгода во која засега непознато лице управувајќи со автомобил, удрило во пешаци, две деца на возраст од 12 и 13 години.

Децата се пренесени во Градската болница во Прилеп, каде кај 13-годишното дете се констатирани тешки телесни повреди, додека 12-годишното дете се здобило со телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица на Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top