| четврток, 6 декември 2018 |

Советникот на Обама предупредува: Третата светска војна почнува кога Путин ќе ја нападне оваа држава

Пол Милер, соработник на администрациите ан Барак Обама и Џорџ Буш Помладиот, тврди дека Третата светска војна би можела да почне во Летонија по интервенцијата на “луѓето на Путин”.
“Следниот потег на рускиот лидер Владимир Путин ќе биде поразличен од претходните, бидејќи тој, можеби, своето внимание ќе го сврти кон балтичките земји кои се членки на НАТО”, смета Милер.

Според неговото сценарио, Москва нема да прати големи униформирани воени единици, бидејќи ниту највнимателните членки на НАТО на би игнорирале отворена конвенционална интервенција.

Наместо тоа, тврди Милер, Путин во текот на наредните две години таму ќе “предизвика криза со помош на свои луѓе”.

“Можно е оние кои зборуваат руски јазик во Летонија и Естонија да започнат протести барајќи меѓународна заштита. Ќе се појави добро истренираниот “народен фронт” за ослободување на Русите во балтичките држави. Убиствата и диверзиите ќе ги доведат батличките земји до можна граѓанска војна”, смета Милер.

Американскиот аналитичар, исто така тврди дека Русија не се плаши од НАТО ниту ги штити своите граници, туку повлекува потези на “идеолошка ориентација, која е комбинација од руски национализам, религиозност, фатализам и месијанство”.

Милер верува дека “Путин има јасна цел: да го заштити православното христијанство и да го прошири”, а западните земји, според неговото мислење, ги гледа како закана поради нивната “глобализација и дегенерација”.

“Полска ќе се повика на петтата точка на договорот на НАТО , и ќе тврди дека балтичките земји се нападнати, но Германија и Франција ќе бидат против. Покрај тоа, повикувањето на петтата точка практично би значело објавување на војна на Русија. Тогаш претседателот на САД, Доналд Трамп ќе мора да одлучи дали заштитата на Летонија е вредна за почеток на Трета светска војна”, вели Милер.

Милер во една статија оценува дека со потезите во Грузија и Украина, Русија успеала да создаде спорни територии кои ги заземаат руски војници, што ја ограничува можноста за влегување на НАТО.

“Ниедна земја нема никогаш да влезе во НАТО, доколку Русија делумно ја окупирала”, тврди Милер.

Според неговото мислење, Русија сега се наоѓа во “најповолна меѓународна ситуација за продолжување на експанзијата”, пренесува Руска Реч.

Официјална Москва неколку пати ги отфрлала таквите проценки и сценарија на западните аналитичари, наведувајќи дека на Западот политичарите редовно ги заплашуваат своите граѓани со таканаречената “руска закана”.

Рускиот лидер Владимир Путин неодамна порачал дека Русија нема никого да нападне, и дека таквите најави се “смешни, глупави и незамисливи”.

“Секако имаме огромна територија. Што ќе ни е повеќе”, рекол рускиот лидер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top