| четврток, 6 декември 2018 |

Два земјотреса почувствувани изминатата ноќ во југоисточна Македонија

Земјотрес со магнитуда од три степени според Рихтеровата скала со епицентар во Грција, е почувствува рано изутрината во 02 часот и 44 минути во јужните делови на Република Македонија.

Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на земјотресот на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Ова е втор земјотрес во изминатите 12 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран ноќеска во 00 часот и 12 минути со магнитуда од 5,1 степен според Рихтер, а беше почувствуван во Гевгелија, Богданци и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top