Силен земјотрес со јачина од пет степени според Рихтер, синоќа го потресе Валандово, а бил почувствуван и во Струмица, Гевгелија, Дојран, Богданци и Неготино.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа во соседна Грција.
Овој земјотрес се случи во 00 часот и 23 минути со Рихтерова локална магнитуда 5.1. Според досегашните податоци, земјотресот беше почувствуван во Гевгелија и Богданци со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, Валандово и Струмица со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала и Скопје со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Ова е втор ваков земјотрес во Македонија, откако на 11 септември, скопје се стресе со пет степени според Рихтер.
Засега нема информации дали е направена каква било материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.