Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски оствари посета на месните комитети во Ново Село, со жителите од Мокрино, Мокриево, Смолари, Ново Коњарево, Колешино, и Сушица.
Тој истакна дека граѓаните се пред избор, за ВМРО-ДПМНЕ, што претставува глас за реални проекти за потребите на сите граѓани, или за СДСМ, што е глас за манипулации, шпекулации и „проекти” со кои се креира политичка криза во земјата.
Изминатите години посветено се работеше на поддршка на земјоделците, над 4 милиони евра за субвенции се исплатени само на земјоделците од Ново Село.
Посветено се работи и на изградба на инфраструктура, за побрзо и побезбедно движење на стоките и луѓето, а тоа ќе продолжи и понатаму. Во овој регион ќе се продолжи со изградба уште поинтензивно во наредниот период.
Се поддржуваа и ќе се поддржуваат и пензионерите. Со континуирано подигнување на висината на пензијата и со последното покачување од 5%, просечната пензија достигна покачување од околу 80%, а воедно се исплаќаат навремено и брзо.
ВМРО-ДПМНЕ има стекнато кредибилитет кај граѓаните со спроведените проекти, народот ги препознава вистинските вредности и ја дава искрената поддршка за партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пешевски: Партиите мора да разговараат за доброто на оваа земја и за доброто на овој народ
-
Енергетските реформи клучни за развојот на Западен Балкан
-
Пешевски: Да продолжиме по патот на успехот и економски развој, гласот за ВМРО-ДПМНЕ е вистински избор
-
Пешевски се сретна со бизнисмените од Пехчево и Берово