| четврток, 6 декември 2018 |

Дали вашата професија е меѓу најстресните?

Фармацевтската компанија „Фарма динамикс“ направи истражување во кое открива кои се најстресните професии. Во онлајн-истражувањето учествувале 2.000 испитаници кои живеат и работат во Јужна Африка.

Листата на најстресни професии е базирана според неколку фактори што предизвикуваат стресни ситуации, како физичките и менталните побарувања на работа, колку патување е потребно, за колку работни часови станува збор, изложеноста на јавен надзор, справувањето со конфликтни ситуации, како и со кој ризик се соочуваат различните професии.

Вака изгледа листата:

1. Пилот

2. Фризер

3. Земјоделец

4. Режисер

5. Медицинска сестра

6. Полицаец

7. Претседател на одбор на директори

8. Извршен директор

9. Доктор

10. Пејач

Според друго истражување, објавено во Neurology, најштетна работа за здравјето е келнерската работа. Лицата што ги служат гостите во угостителски објекти се најмногу изложени на стрес и овие работници 58 отсто повеќе се изложени на ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Според студија во Кина, луѓето кои работат стресни професии помалку се грижат за себе и често се склони на пороци. Стресот најмногу зависи од чувството на контрола и почит. Иако докторите, професорите и научниците имаат ментално потешка работа, тие се чувствуваат почитувано и затоа не се под стрес. За разлика од нив, луѓето кои служат во ресторани и кафулиња првенствено не се ценети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top