| четврток, 6 декември 2018 |

По закана за бомба: Евакуација во болница во Париз

Дел од Европската болница „Жорж Помпиду“ беше евакуиран денеска по закана за поставена бомба. Според она што беше кажано од службата на најголемата болница во Париз, тоа е „мерка на претпазливост”.

До евакуацијата на дел од болницата дојде по анонимен повик. Потоа интервенираа силите на редот, кои вршат проверка на болницата.

Итните случаи се пренасочуваат кон другите париски болници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top