Денешната изјава на Фросина Ташевска Ременски во која искажа низа манипулации и лаги покажува во колкава паника се наоѓа пред заминување. Навредите и клеветите се нејзин обид да го прикрие сето незаконско и несовесно работење кое го направи во мандатот за кое до сега и се поднесени тужби и кривични пријави, се вели во реакцијата на Кабинетот на дополнителниот заменик министер за труд и социјалана политика, Диме Спасов.
Во продолжените го пренесуваме целиот текст интегрално:
Користењето на возилата, за кое Ташевска Ременски прави политички маркетинг се врз основа на склучен договор и е во рамки на Законот и е поткрепено со документација. Исто така и вработувањата во министерството за труд и социјална политика се во рамки на предвидените законски процедури.
Немајќи резултати во својата работа, на Ташевска Ременски и остана само да измислува афери. Но секако граѓаните ќе ја паметат како најдеструктивен министер кој кочеше проекти во интерес на граѓаните и спроведуваше тортура врз вработените. Токму поради тоа против нејзе се поднесени 2 кривични пријави, 20 тужби и 2 прекршочни пријави за незаконско работење и злоупотреба на службена должност и направени прекршоци.
Во однос на денес изречените навреди и клевети ќе и биде поднесена тужба како и кривична пријава за лажно пријавување како и за сокривање на документација во министерството за труд и социјална политика.
Доаѓа време кога ќе биде извршена целосна ревизија на работењето на техничката министерка и во првиот и во вториот мандат за што постојат докази и аргументи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Захариева-Ременски: Бугарија и Македонија се искрени пријатели
-
ССМ до Ременски: Не ќе можете да избегате од правдата и од вистината
-
Последен работен ден за Спасовски и Ременски – Владата се чисти од пржинските чиновници
-
Ременски со фалсификувани документи сакала да го смени лидерот на ССМ – заработи кривична пријава