| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се фали со проектите на Груевски

Сѐ на сѐ, „пла­нот“ на СДСМ во овие из­бо­ри не е ни­што по­раз­ли­чен од ре­ше­ни­ја­та и ви­зи­ја­та за Ма­ке­до­ни­ја. Иста­та про­гра­ма, се­га на­ре­че­на „План“, во 2014 го­ди­на им до­не­се 200.000 гла­са по­мал­ку од ВМРО-ДПМНЕ. „Пла­нот“ е ве­ќе ви­ден лош филм. За­тоа и не тре­ба да се чу­дат ако на тој ист лош филм, на­до­пол­нет со си­те во­ве­ди во ме­ѓу­вре­ме, гра­ѓа­ни­те исто им од­го­во­ра­ат. Ду­ри и со по­го­ле­ма раз­ли­ка

Не е гр­до ли­це­то на Ма­ке­до­не­цот. Гр­ди се ла­га­та и ли­це­то на лаж­ли­ве­цот. А, ток­му на ла­га­та се пот­пи­ра­ат Зо­ран За­ев и не­го­ви­те из­бра­ни­ци во на­деж за спас на опо­зи­ци­ска­та ко­жич­ка. Ка­ко што наб­ли­жу­ва офи­ци­јал­ни­от по­че­ток на кам­па­ња­та та­ка на ви­де­ли­на из­ле­гу­ва ла­га­та за тоа де­ка За­ев и СДСМ ви­стин­ски по­са­ку­ва­ле из­бо­ри. Ако се зе­ме пред­вид ка­ко и со што опо­зи­ци­ја­та офи­ци­јал­но вле­гу­ва во кам­па­ња, ќе се ви­ди кол­ку За­ев и тие око­лу не­го се на­де­ва­ле де­ка „ча­до­рот“ и „по­ви­со­ки­те од над­вор“ ќе им до­не­сат власт без по­ли­тич­ко од­ме­ру­ва­ње на си­ли­те. Нор­мал­но, се­та на­деж бе­ше на­со­че­на во тоа де­ка со лич­на­та ала­тка на­ре­че­на СЈО ќе не­ма про­тив­ник во ВМРО-ДПМНЕ, а ни­ски­те уда­ри во пар­ти­ја­та ќе „лиз­гаа“ без членс­тво­то вид­ли­во да за­бе­ле­жи. Зго­ра на сѐ, уште и ќе не­ма­ше по­тре­ба се­га да се пре­пра­ва­ат за по­сто­е­ње не­ка­ква но­ва пла­тфор­ма и про­гра­ма со ко­ја се тр­ча низ др­жа­ва­та.

До­кол­ку не­кој на­ви­сти­на се под­го­тву­ва це­ла го­ди­на за из­бо­ри, имај­ќи ги пред­вид и две­те од­ло­жу­ва­ња за април и за ју­ни, па и зго­ра на тоа и тол­ка­ви­от при­ти­сок за из­бо­ри од опо­зи­ци­ја­та чиј­што пред­вод­ник се сме­та де­ка е За­ев, не мо­же да се ве­ту­ва­ат на­вод­ни про­е­кти кои или се ос­тва­ре­ни и функ­ци­о­ни­ра­ат, или се ко­сат со ос­нов­на­та ло­ги­ка. Всуш­ност, сѐ ука­жу­ва на тоа де­ка тоа се исти­те идеи кои ед­наш се ви­каа „Ре­ше­ни­ја за Ма­ке­до­ни­ја“, па „Ви­зи­ја за Ма­ке­до­ни­ја“, а се­га се ви­ка­ат „План за Ма­ке­до­ни­ја“.

 

Мла­ди

За­ев лич­но ве­ти, а тоа оста­на ре­ги­стри­ра­но и со ви­де­о­за­пис, де­ка на мла­ди­те, од­нос­но сту­ден­ти­те ќе им овоз­мо­жел ин­тер­нет и мож­ност бесп­лат­но да па­ту­ва­ат, ка­ко и ни­за дру­ги мер­ки. Тој збо­ру­вал со мла­ди­те за сту­дент­ски град, со са­ли и ре­сто­ра­ни, но и „во­ве­ду­ва­ње­то на бесп­лат­ни­от ин­тер­нет во сту­дент­ски­те до­мо­ви, ка­ко и сту­дент­ска­та кар­тич­ка за ко­ри­сте­ње­то на јав­ни­те ус­лу­ги, ка­ко што е и пре­во­зот од са­ми­те сту­ден­ти“, ве­ли За­ев. Тоа го те­ме­лел на лич­ни­те соз­на­ни­ја ко­га тој бил млад и му би­ло те­шко да сту­ди­ра во Скоп­је.

Но, За­ев не са­ка да приз­нае де­ка кон­цеп­тот за по­мош на мла­ди­те и на сту­ден­ти­те, она­ка ка­ко тој го за­мис­лу­ва, ве­ќе функ­ци­о­ни­ра. Уште во 2010 го­ди­на поч­на про­е­ктот за бесп­ла­тен ин­тер­нет за се­кој сту­дент во сту­дент­ски­те до­мо­ви во си­те гра­до­ви во зем­ја­та. До­се­га сту­ден­ти­те не до­би­ја са­мо пре­воз, ту­ку и раз­ни дру­ги бе­не­фи­ции – бесп­ла­тен пре­воз со воз, аво­бу­ски пре­воз, бесп­ла­тен влез во те­а­три­те и ки­на­та низ це­ла Ма­ке­до­ни­ја. За­ев мо­же да збо­ру­ва за сту­дент­ски град, до­де­ка се ре­но­ви­ра­ат сту­дент­ски­те до­мо­ви. За сту­ден­ти­те е на­ма­ле­на пар­ти­ци­па­ци­ја­та на фа­кул­те­ти­те, а се отво­ри­ја и но­ви уни­вер­зи­те­ти, фа­кул­те­ти и дис­пер­зи­ра­ни сту­дии. За иде­и­те де­ка СДСМ ќе сти­пен­ди­ра­ла мла­ди кои са­ка­ле да се до­о­бра­зу­ва­ат, са­мо тре­ба да се спом­нат ап­ли­ка­ци­и­те за над 7000 сти­пен­дии по раз­лич­ни про­гра­ми во ре­сор­но­то ми­ни­стерс­тво.

Очиг­лед­но де­ка во СДСМ се на­де­ва­ат оти мла­до­ста зна­чи и не­и­скус­тво со нив­но­то вла­де­е­ње. Опо­зи­ци­ја­та им ну­ди и пот­по­мог­на­то отво­ра­ње фир­ми за мла­ди, за тие да оста­не­ле во Ма­ке­до­ни­ја, ка­ко и кон­цеп­ти за ра­бо­та за се­кој сту­дент. СДСМ го на­ре­ку­ва „Мла­дин­ска га­ран­ци­ја“, за мла­ди­те по­лес­но да нај­дат ра­бо­та по за­вр­шу­ва­ње на обра­зо­ва­ни­е­то. Од­нос­но за „по­ма­га­ње од стра­на на др­жа­ва­та за нив­но­то тре­ни­ра­ње или пра­ктич­но под­го­тву­ва­ње за вле­гу­ва­ње во ра­бо­та“. Исто­то тоа функ­ци­о­ни­ра од 2014 го­ди­на; мер­ка­та се на­ре­ку­ва „Пра­кти­канс­тво“, во исто вре­ме ва­жат и сти­му­ла­ци­и­те за вра­бо­ту­ва­ње на мла­ди­те. Са­мо во пр­ви­те че­ти­ри де­на од при­ме­на­та, во март 2014 го­ди­на, 68 ком­па­нии под­не­ле ба­ра­ње за вра­бо­ту­ва­ње ли­ца до 29 го­ди­ни, пот­тик­на­ти од сти­му­ла­ци­ја­та со пла­те­ни со­ци­јал­ни при­до­не­си за нив. Со мер­ка­та за са­мо­вра­бо­ту­ва­ње се до­де­лу­ва­ат не­по­врат­ни средс­тва кои мо­же да до­стиг­нат и до 5.600 евра. Мо­же­би на­ви­сти­на во СДСМ не слуш­на­ле за оваа мер­ка, па на­ста­пу­ва­ат со иде­ја за „не­по­врат­ни средс­тва за поч­ну­ва­ње сопс­твен биз­нис од мла­ди­те“. При­тоа, ду­ри и старт ап цен­три­те во кои на овие фир­ми ќе им се ну­ди бесп­лат­ни ус­лу­ги, ка­ко сме­сту­ва­ње и сме­тко­водс­тво, функ­ци­о­ни­ра­ат де­се­ти­на го­ди­ни под име­то „Ин­ку­ба­то­ри“.

 

Ад­ми­ни­стра­ци­ја

Кол­ка­ва е до­вер­ба­та во она што го збо­ру­ва­ат За­ев и СДСМ, по­ка­жу­ва и ви­де­о­то во кое лич­но За­ев се де­ман­ти­ра са­ми­от се­бе­си. До­бро, тоа не е ни­што но­во. Но, зар има оче­ку­ва­ња де­ка се­га тре­ба да се ве­ру­ва оти ни­кој не­ма да би­де „от­стра­нет“ од ад­ми­ни­стра­ци­ја­та ако се спо­ре­ди со хит-по­е­ма­та „Бе­ше За­ев, ап­се­ни­от За­ев, жи­ви лу­ѓе има да ја­де­ме пос­ле тоа“. „Но­ви­от кон­цепт зна­чи и на­ма­лу­ва­ње и ка­стре­ње це­лос­но на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та, од ед­на стра­на ќе зна­чи отво­ра­ње на на­ши­те ра­бот­ни ме­ста, за на­ши­те лу­ѓе“, ве­ли За­ев во поз­на­то­то ви­део. Искре­но ли ве­ру­ва де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та ќе „лег­не“ на не­го­ви­те убе­ду­ва­ња до­де­ка исто­вре­ме­но збо­ру­ва за „пре­на­тру­па­на­та др­жав­на ад­ми­ни­стра­ци­ја“, „про­фе­си­о­на­ли­за­ци­ја“, ре­из­бор на си­те су­дии, ре­ви­зии на вра­бо­ту­ва­ња по си­те ни­воа? Со ка­ква лес­но­ти­ја Ши­ле­гов во го­сти­вар­ско нај­а­ву­ва ил­јад­ни­ци но­ви ра­бот­ни ме­ста и зго­ле­ме­на пла­та, за уки­ну­ва­ње на ра­ди­о­ди­фуз­на­та та­кса или на­ма­лу­ва­ње на сме­тки­те, пре­ку фа­моз­ни­те да­ноч­ни ре­фор­ми со „по­врат на 15% од пла­те­ни­от ДДВ“, што на крај го прес­ме­ту­ва­ат ка­ко „13. пла­та“.

Ед­на ма­ла ма­те­ма­ти­ка. До­кол­ку ДДВ е 18 про­цен­ти, тие 15 про­цен­ти на 1000 де­на­ри из­не­су­ва­ат 27 де­на­ри. Ста­ти­стич­ки, во август про­сеч­на­та пла­та би­ла 22.000 де­на­ри, па то­гаш тој „по­врат“ ме­сеч­но е око­лу 590 де­на­ри, од­нос­но не­што над 7.000 де­на­ри на го­диш­но ни­во. Ка­ко ли са­мо во СДСМ прес­ме­та­ле 30.000 де­на­ри? Ду­ри и по­вра­тот да е од две про­сеч­ни пла­ти, тоа е по­мал­ку од по­ло­ви­на од она што го ве­ту­ва СДСМ. Врз тоа, про­сеч­на­та пла­та и да е 30.000 де­на­ри, ка­ко ве­ту­ва­ат, пак се тоа око­лу 19.500 де­на­ри по­врат на ДДВ од двај­ца вра­бо­те­ни во се­мејс­тво­то. Но, ма­те­ма­ти­ка­та ни­ко­гаш не им би­ла сил­на стра­на на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те. Осо­бе­но што од ра­ка не им трг­на ве­ту­ва­ње­то за по еден вра­бо­тен во се­кое се­мејс­тво, а се­га е над­гра­де­но со двај­ца вра­бо­те­ни со при­ма­ња од по 30.000 де­на­ри.

Са­мо за по­тсе­ту­ва­ње, тоа што ма­ке­дон­ски­те ра­бот­ни­ци го до­би­ја од вла­ста на ВМРО-ДПМНЕ се ко­ле­ктив­ни­от до­го­вор и га­ран­ци­ја­та за ми­ни­мал­на пла­та. При­тоа, со дра­стич­на про­ме­на на ус­ло­ви­те за во­де­ње биз­нис, приз­на­е­ни од ре­ле­вант­ни­те ме­ѓу­на­род­ни ин­сти­ту­ции, во Ма­ке­до­ни­ја вле­зе и вле­гу­ва огро­мен стран­ски ка­пи­тал, во фор­ма на СДИ, отво­ре­ни се но­ви ра­бот­ни ме­ста, а не­вра­бо­те­но­ста е на­ма­ле­на од 38 про­цен­ти во 2005 го­ди­на, на 24 про­цен­ти го­ди­на­ва. Имај­ќи ги пред­вид 200.000 ра­бот­ни­ци од око­лу 600 фа­бри­ки кои во тран­зи­ци­ја­та беа оста­ве­ни на ули­ца, ма­ла е ве­ро­јат­но­ста не­кој ре­ал­но да за­гри­зе на ве­ту­ва­ња­та на СДСМ. Но, неј­се, опо­зи­ци­ја­та се­га мо­ра да ма­ми со ве­ту­ва­ња за вра­бо­ту­ва­ња, по­ка­че­ни пла­ти, се­ка­ко пен­зии (а мо­же и ќе ги вра­тат осум­те про­цен­ти на пен­зи­о­не­ри­те) или да­ноч­ни мер­ки за да „оста­не­ле па­ри­те кај гра­ѓа­ни­те“.

Во кон­текст на па­ри­те, ре­ал­ни се и пра­ша­ња­та што ги по­ста­ву­ва јав­но­ста, по си­те об­ви­ну­ва­ња де­ка др­жа­ва­та е пре­за­дол­же­на. Од ка­де се­га За­ев нај­а­ву­ва но­ви кре­ди­ти и тоа од по­ска­пи­те, а се ве­ту­ва­ат зго­ле­ме­ни пла­ти и тро­шо­ци? По­треб­но ли е да се вле­гу­ва во ана­ли­за на ве­ту­ва­ња­та за „евти­на“ та­ри­фа на стру­ја­та по „бон­бо­на биз­ни­сот“ за про­даж­ба на ЕСМ? Или за го­ле­мо­то фај­де од тоа што пла­ти­те на функ­ци­о­не­ри­те ќе би­ле на увид? На увид и се­га е пла­та­та на Ка­ти­ца Ја­не­ва, ама таа ги скри тро­шо­ци­те и од Со­бра­ни­е­то и од јав­но­ста.

 

Зем­јо­делс­тво

Зем­јо­дел­ци­те се цел на СДСМ; не са­мо ка­ко го­ле­мо гла­сач­ко те­ло, ту­ку и ка­ко гла­са­чи кои тие ги за­гу­би­ја по­ра­ди ло­ша­та по­ли­ти­ка кон це­ли­от се­ктор за про­из­водс­тво на хра­на. Са­мо за спо­ред­ба, зем­јо­дел­ци­те се се­ќа­ва­ат на вре­ми­ња­та на нив­ни­те го­ле­ми про­те­сти, на ту­ту­на­ри­те, на ло­за­ри­те, на си­те што имаа проб­лем со не­исп­ла­тен откуп, со не­ло­јал­на кон­ку­рен­ци­ја. Ко­га зем­јо­делс­тво­то бе­ше за­не­ма­ре­но, ток­му ВМРО-ДПМНЕ по­да­де ра­ка во фор­ма на суб­вен­ции и за­фа­ти за по­ма­га­ње и ста­ва­ње ред во тој се­ктор. По­мо­шта не е са­мо во суб­вен­ции, ту­ку и во рас­пре­дел­ба на обра­бот­ли­ви по­вр­ши­ни, на­ба­вка на ме­ха­ни­за­ци­ја, струч­на по­мош, ква­ли­те­тен се­мен­ски ма­те­ри­јал, откуп, по­мош за плас­ман на стран­ски па­за­ри, здру­жу­ва­ње… Се­га СДСМ се по­ја­ву­ва пред зем­јо­дел­ци­те со иде­ја за суб­вен­ции! И тоа суб­вен­ции кои зем­јо­дел­ци­те ќе ги до­би­ва­ле ко­га ќе им би­ло по­треб­но.

И по­втор­но, ова што се­га го ве­ту­ва За­ев, функ­ци­о­ни­ра од 2014 го­ди­на и се ви­ка „Ка­лен­дар на суб­вен­ции“. И тоа уште од пр­ви­те 100 де­на по из­бо­ри­те таа го­ди­на, про­функ­ци­о­ни­ра ка­лен­да­рот за ефи­кас­на исп­ла­та спо­ред по­тре­би­те на зем­јо­дел­ци­те. Но, се ра­бо­те­ше и на вло­жу­ва­ње во ин­фра­стру­кту­ра­та на се­ла­та, пат­на ин­фра­стру­кту­ра, во­дос­наб­ди­тел­ни и ка­на­ли­за­ци­ски си­сте­ми, мо­дер­ни­за­ци­ја на про­из­водс­тво­то. Тоа што За­ев од Мо­ги­ла по­ра­ча де­ка ќе ра­бо­ти во „се­ло­то ко­е­што до­се­га е на­пу­ште­но, исе­ле­но“, да ги вра­ти де­ца­та во ру­рал­ни­те сре­ди­ни, но и „мла­ди­те да би­дат до­вол­но хра­бри да ста­пат во брак, да че­ка­ат де­ца“, не са­мо што функ­ци­о­ни­ра, ту­ку и на­и­де на го­лем потс­мев кај членс­тво­то на СДСМ. Се ра­бо­ти за про­е­ктот „Од град во се­ло, за нов по­че­ток“, со кој се ну­дат бе­не­фи­ции и под­др­шка за ку­ќа, бесп­лат­но зем­јо­дел­ско зем­ји­ште, ка­ко и 18 ме­се­ци ме­сеч­на суб­вен­ци­ја за по­че­ток на жи­во­тот во се­ло.

Се­ка­ко не смее да се за­бо­ра­ви ни­ту на фи­нан­си­ски­те сти­му­ла­ции за брак и за но­во­ро­ден­чи­ња кои дел од ру­рал­ни­те оп­шти­ни ги ну­дат за но­ви­те се­мејс­тва на мла­ди­те. Или др­жав­на­та по­мош за мно­гу­дет­ни се­мејс­тва. Ана­ли­зи­рај­ќи ги ру­рал­ни­те сре­ди­ни, не мо­же да се за­не­ма­рат ни­ту оние за­фа­ти за отво­ра­ње ап­те­ки, под­виж­ни ап­те­ки или, пак, про­е­ктот „Ру­ра­лен до­ктор“, кои се дел од здрав­стве­ни­те ре­фор­ми кои се на­пра­ви­ја и во кои се вло­жи­ја огром­ни средс­тва.

 

Здрав­ство, по­ли­ци­ја, кул­ту­ра

Без на­ме­ра на­ши­ро­ко да се нав­ле­гу­ва во ре­фор­ми­те во здрав­ство­то, се чи­ни мно­гу по­гре­шен е мо­мен­тот ко­га вла­ста на ВМРО-ДПМНЕ вле­гу­ва во огром­ни ин­ве­сти­ци­ски за­фа­ти во овој сег­мент, но не са­мо ка­ко ин­фра­стру­кту­ра ту­ку и во обу­ка на ка­да­рот, па и во пот­по­мог­на­та бре­ме­ност, на­ма­ле­ни це­ни на ле­ко­ви­те, ре­дов­но над­гра­де­на по­зи­тив­на ли­ста… СДСМ да вле­гу­ва во кам­па­ња со „план“ за да се за­др­же­ле ле­ка­ри­те и ме­ди­цин­ски­от пер­со­нал во јав­но­то здрав­ство. При­тоа, со оцен­ка де­ка гра­ѓа­ни­те не мо­же­ле да си доз­во­лат бол­нич­ко ле­ку­ва­ње, де­ка не­ма­ло ле­ко­ви во бол­ни­ци­те, па „и од тоа да­ли има или не­ма до­вол­но ле­ка­ри“. Чи­ниш, пла­нот го опи­шу­ва вла­де­е­ње­то на ми­ни­сте­рот Вла­до Ди­мов од СДСМ.

Се­ка­ко, во ана­ли­за­та на по­ну­да­та на СДСМ не мо­же да не се спом­нат на­ста­пи­те на ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на СДСМ во уло­га на ми­ни­стер во МВР, де­ка пла­нот со­др­жи соз­да­ва­ње мо­дер­на по­ли­ци­ја, до­де­ка ток­му ова вре­ме све­до­чи за та­кво мо­дер­ни­стич­ко­то од­не­су­ва­ње. Или за прав­на др­жа­ва, за одб­ло­ки­ра­на пре­по­ра­ка за ЕУ, за се­ме­ен со­ци­ја­лен ра­бот­ник „бли­зок до гра­ѓа­ни­те“ или, пак, за кул­тур­но­то нас­ледс­тво во Охрид.

Сѐ на сѐ, при­од на СДСМ во овие из­бо­ри, тр­гај­ќи ги на стра­на „ча­до­рот“ и СЈО, не е ни­што по­раз­ли­чен од из­бо­ри­те во 2014 го­ди­на. То­гаш за­гу­би­ја со 200.000 гла­со­ви раз­ли­ка. Тоа е се ве­ќе ви­ден лош филм. За­тоа и не тре­ба да се чу­дат ако на тој ист лош филм, на­до­пол­нет со си­те во­ве­ди во ме­ѓу­вре­ме, гра­ѓа­ни­те исто им од­го­во­рат. Ду­ри и со по­го­ле­ма раз­ли­ка.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 220. број на неделникот „Република“, 18.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top