| четврток, 6 декември 2018 |

Ослободен човекот од кој Путин најмногу се плаши!

putin

Рускиот врховен суд ја поништил пресудата на пониските судови кои на лидерот на опозицијата и голем критичар на Кремљ, Алексеј Навални, му одредиле петгодишна условна казна, јавува Ројтерс.

Судот со оваа одлука ги разбудил надежите на руската опозиција дека Навални би можел да се кандидира на следните претседателски избори

Навални и еден негов соработник биле прогласени за виновни за проневера на пари во една шумарска компанија во регионот Киров во 2013. година. Европскиот суд за човекови права во февруари пресудил дека во овој случај е прекршено правото на праведно судење, што Врховниот суд го земал во предвид и ја поништил пресудата. Сепак, случајот бил вратен во понискиот суд на повторно разгледување.

putin2

Навални претходно рекол дека првобитната одлука на судот била политички мотивирана и дека нејзината цел била да спречи учество на изборите, а по одлуката на Врховниот суд го повторил истото.

-Формално треба да се поништи целиот случај, па повторно да се врати на разгледување. Му попречуваат на моето практично делување – рекол Навални.

Русија ја очекуваат избори во 2018. година на кои Владимир Путин многу веројатно ќе се обиде да освои и четврти мандат. Адвокатката Олга Микхаилова потврдила дека на изборите ќе може да се кандидира и Навални, но тој има многу помала поддршка од Путин. Инаку, рускиот Закон строго забранува некој кој е осуден за тешки злосторства да се кандидира за претседател.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top