| четврток, 6 декември 2018 |

Kако се отвори Заев: Прикаска за Катица и за реваншизмот

Две во ед­но. Не се ра­бо­ти за но­во „не­ска­фе“, ту­ку за пос­лед­ни­от емо­ти­вен из­лив на За­ев и на СДСМ. Чо­ве­кот на ед­на прес-кон­фе­рен­ци­ја, на ко­ја нај­а­ви „рас­пу­шта­ње на судс­тво­то“, си приз­на две не­шта. Пр­во­то е де­ка ја­де­ње­то „жи­ви лу­ѓе“ во фор­ма на пар­ти­ски ре­ван­ши­зам не му по­ми­на­ло, а вто­ро­то де­ка си­те тие су­дии што ќе ѝ из­ле­зат в пре­срет на Ја­не­ва и ќе за­ми­жат на не­до­сти­гот од ка­кви и да е до­ка­зи ќе би­дат бла­го- с­ло­ве­ни и до­бро на­гра­де­ни по нив­но­то до­а­ѓа­ње на власт. Ар­но ама, и су­ди­и­те и чи­ста­чи­те зна­ат де­ка пос­лед­но­то е ул­тра­ап­стракт­на имен­ка. Из­бо­ри­те до­а­ѓа­ат, па­ни­ка­та во СДСМ рас­те, а Ка­ти­ца из­ва­ди са­мо член­ска кни­шка и уп­лат­ни­ца, но не и об­ви­не­ние...

При­ти­со­кот си го пра­ви сво­е­то. Исти­от ли­дер, кој сопс­тве­ни­те „бом­би“ пом­пез­но ги нај­а­ву­ва­ше се­кое утро со ста­тус на „Фејс­бук“ – „тик-так, тик-так“, под те­жи­на­та на но­во­то „тик-так, тик-так“, кое се­га го оз­на­чу­ва приб­ли­жу­ва­ње­то на де­бак­лот на 11 де­кем­ври, поч­на да пу­ка по ше­во­ви­те. Со­о­че­ни со ре­ал­но­ста на ре­зул­та­ти­те, кол­ку и да се си­лат и да го ла­жат членс­тво­то де­ка ќе по­бе­дат, пре­ку се­кој че­кор ја откри­ва­ат па­ни­ка­та во ре­до­ви­те. Да, из­бо­ри­те не­ми­ло­срд­но наб­ли­жу­ва­ат, а Ка­ти­ца ус­пеа да из­ва­ди са­мо член­ска кни­шка и уп­лат­ни­ца од СДСМ, но не и об­ви­не­ние за ВМРО-ДПМНЕ.

Ста­ор­ци­те се пр­ви во на­пу­шта­ње­то на бро­дот што то­не. Во СДСМ, пак, тие се пос­лед­ни. Сѐ до­де­ка има на­деж, ка­ква и да е, тие ќе би­дат на бро­дот што ја чу­ва нив­на­та сло­бо­да. Бро­дот, мо­же­би, и ќе по­то­не, и тоа бла­го­да­ре­ние на нив, но кај на­ши­те штет­ни­ци оста­ну­ва на­деж­та де­ка на тур­бу­лент­на­та по­вр­ши­на, мо­же­би, ќе ги одр­жи ча­до­рот. За нив­на жал, вре­ми­ња­та бр­зо се ме­ну­ва­ат, па та­ка во се­кое вре­ме мо­же и да дув­не, па ча­до­рот и да­дил­ка­та под не­го да од­ле­та­ат ка­ко во при­ка­ска­та за Ме­ри По­пинс. Мно­гу е ве­ро­јат­но Ме­ри, пре­диз­ви­ка­на од но­ва­та свет­ска ге­о­по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја и раз­о­ча­ра­на од не­до­вет­ни­те шти­те­ни­ци, кои и по­крај си­от труд, ма­ка и сто­ти­ци из­ну­де­ни шан­си, не на­у­чи­ле ни­што, ед­но­став­но, да си лет­не со ча­до­рот. Го­ле­ма е ве­ро­јат­но­ста при­ка­ска­та да е точ­на, ли­ко­ви­те во­оп­што не се из­мис­ле­ни, са­мо во Ма­ке­до­ни­ја Ме­ри не се ви­ка Ме­ри. Иа­ко, ве­ро­јат­но, до­бро би ѝ од­го­ва­ра­ле сти­хо­ви­те на „Рок агре­со­ри“, во кои тие за неа со­ста­ви­ја ед­на до­бра панк-ну­ме­ра.

 

Смешен притисок за отворање на вратите за Јанева

Та­ка, по­тре­се­ни од бли­ска­та ид­ни­на, СДСМ и ли­де­рот со еден по­тег из­вр­ши­ја ди­ре­ктен при­ти­сок и нај­а­ви­ја ШББКББ (што би би­ло ко­га би би­ло) ако не­ко­гаш по­бе­дат на из­бо­ри. Но ни­кој не ја слуш­на пр­ва­та по­ра­ка на ин­терв­ју­то на „24 ве­сти“, де­лум­но по­ра­ди нив­ни­от реј­тинг, но и по­ра­ди глу­по­ста на стра­те­гот за од­но­си со јав­но­ста, кој му на­ме­сти ин­терв­ју за вре­ме на из­бо­ри­те во САД. На­стра­на што и та­ка ни­кој не го сфа­ќа се­ри­оз­но, не­ли. Та­ка, За­ев си го ка­жа сво­е­то, но ни­кој не го слуш­на, а оде­кот кај „про­фе­си­о­нал­ци­те“ го не­ма­ше за­тоа што си­те та­жеа по Клин­тон и плу­каа по Трамп. Во тоа фа­моз­но и без­лич­но ин­терв­ју, ли­де­рот си ка­жа де­ка ќе пра­ве­ле ре­монт во судс­тво­то: „Ќе ја рас­тре­се­ме Ма­ке­до­ни­ја од гла­веч­ки на­о­пач­ки, ќе го рас­пу­шти­ме судс­тво­то и ќе има ре­из­бор!“

За­ев си ка­жа, ре­а­ги­раа са­де два-три Со­ро­со­ви пор­та­ли и тол­ку. Упс! Не­го­ви­те стра­те­зи сфа­ти­ја де­ка ја ут­наа ра­бо­та­та, па на­пра­ви­ја ре­при­за на ка­жа­но­то. Че­каа два де­на да сплас­не еу­фо­ри­ја­та од по­бе­да­та на Трамп и нер­во­за­та во нив­ни­те ре­до­ви, па си на­пра­ви­ја прес-кон­фе­рен­ци­ја на иден­тич­на те­ма. Се­га, за­си­лен со Пав­ле Бо­го­ев­ски, Пен­да­ров­ски и со ду­зи­на дру­ги „не­за­вис­ни“ екс­пер­ти и „гра­ѓан­ски“ акти­ви­сти зад не­го, За­ев си го про­чи­та со­ста­ве­но­то. Овој пат не бе­ше ни тол­ку по­е­ти­чен, очиг­лед­но Ва­сиљ му е лут што не е на ли­ста, па не­кој друг се ма­чел да ја со­ста­ви по­ло­вин­ка­та стра­ни­ца од ка­жа­но­то.

И пак, ка­ко рас­и­па­на пло­ча, ли­де­рот си по­вто­ри де­ка ќе ги сме­нел су­ди­и­те во др­жа­ва­та. Ве­ро­јат­но од пу­ста­та жел­ба да ги сме­ни тие во „Пуч“ и во „По­ткуп“, но и за да му вра­ти на тој од „Гло­бал“ од ко­го го спа­си Цр­вен­ков­ски со або­ли­ци­ја­та. Мно­гу раз­бир­ли­во што са­ка да ги сме­ни, кој не би са­кал ко­га за пр­ви­от слу­чај има приз­на­ние, а за вто­ри­от ви­де­о­ма­те­ри­јал во кој го ба­ра по­тку­пот. Но пр­ви­от мо­тив не е и тол­ку ед­но­ста­вен. Во не­го се ме­ша­ат и мно­гу дру­ги жел­би и по­ри­ви. Да, ова е еден од тие слу­чаи во кои при­ти­со­кот ра­ѓа при­ти­сок. Пр­ви­от, од доб­ли­жу­ва­ње­то на из­бо­ри­те, го соз­да­де вто­ри­от кон судс­тво­то. За да ѝ из­ле­зе в пре­срет на Ка­ти­ца Ја­не­ва, За­ев јав­но им се за­ка­ни на су­ди­и­те де­ка ќе ги сме­нел. Ар­но што тоа не­ма да се слу­чи, по­ра­ди ед­но­став­ни­от факт што не­ма да по­бе­ди, но за­ка­на си е за­ка­на. А „до­тич­на­та“ тре­ба­ше да ѝ по­мог­не на не­го­ва­та Ка­ти­ца Ја­не­ва. Не е проб­лем да си на­ра­ча што да ра­бо­ти таа, ова јас­но се по­ка­жа при из­ја­ва­та во Ка­пи­штец и ис­пол­ну­ва­ње­то на Ка­ти­ца, ко­ја со бр­зи­на на свет­ли­на­та сто­ри сѐ што по­ба­ра тој. Проб­ле­мот не е во на­рач­ка­та, ту­ку во неј­зи­на­та одрж­ли­вост. А, за жал на авто­ри­те, си­те тие слу­чаи тра­ат кол­ку ме­у­ри од са­пу­ни­ца. За нив­ни­от кус рок на упо­тре­ба, пак, нај­ви­но­вен е су­дот, кој по­сто­ја­но ги од­би­ва не­ос­но­ва­ни­те, це­лос­но не­ар­гу­мен­ти­ра­ни об­ви­не­ни­ја на СЈО, кои во се­бе не­ма­ат ни­ту „Д“ од до­каз и се слу­чаи са­мо за опо­зи­ци­ски­те пор­та­ли и „екс­пер­ти“. Очиг­лед­но е де­ка ин­си­ну­а­ци­и­те или, по­точ­но, раз­го­во­ри­те од „бом­би­те“ не се до­вол­ни за да се до­ка­же не­што, нив­на­та ве­ро­до­стој­ност е уште еден проб­лем, а за кон­тек­стот и ва­де­ње­то од не­го и да не збо­ру­ва­ме. Та­ка, судс­тво­то ста­на нај­го­ле­ми­от проб­лем на За­ев и на Ја­не­ва, вклу­чи­тел­но и вр­ху­шка­та на пар­ти­ја­та, ко­ја по не­ми­нов­ни­от по­раз ќе мо­ра да пре­зе­ме од­го­вор­ност за глу­по­сти­те од ми­на­то­то. Тие и ќе за­ми­нат, но зад се­бе ќе оста­ват ру­и­ни­ра­на пар­ти­ја со уни­штен имиџ, кој ка­ков-та­ков ус­пе­ваа да го одр­жу­ва­ат За­е­ви­те прет­ход­ни­ци. Се­га ќе оста­нат са­мо ур­на­ти­ни и мно­гу, мно­гу омра­за. За­тоа, по­до­бро би би­ло, ме­сто судс­тво­то, За­ев да ја рас­пу­шти пар­ти­ја­та или да на­пра­ви ре­из­бор во неа. За нив­но до­бро, не­ли.

analiza220-2

Заев им „пушти вода” на судиите, но наиде на потсмев

Во ме­ѓу­вре­ме, по­ве­де­но од пос­ле­ди­ци­те од по­ра­зот на 11 де­кем­ври, ра­ко­водс­тво­то си соз­да­де од­лич­на от­стап­ни­ца во пар­ти­ја­та со кан­ди­ди­ра­ње еден куп пос­луш­ни­ци и но­ви ли­ко­ви, на чи­е­што соз­да­ва­ње и ка­ри­е­ра им ку­му­ваа ток­му За­ев и Ше­ќе­рин­ска. Но тоа е са­мо от­стап­ни­ца за во ид­ни­на. За се­гаш­но­ста, им тре­ба ка­ква би­ло шан­са за да ги за­шти­ти од са­ми­те се­бе­си, пар­ти­ја­та и од пси­хич­ки­от при­ти­сок. За­тоа, по­втор­но шан­са­та се гле­да во Ка­ти­ца, а таа „вр­за­на“ од су­дот, кој, за­мис­ле­те, не доз­во­лу­ва ди­ле­тан­ти и ама­те­ри да си игра­ат со пра­во­суд­ни­от си­стем. Преч­ка­та се ви­ка су­дии, па за­тоа ли­де­рот јав­но и јас­но им се за­ка­ни де­ка ќе ги сме­ни си­те, но не и тие што ќе оди­гра­ат по нив­но. Да, од пу­ста на­деж, За­ев им пу­шти во­да. Со збо­ро­ви­те „И се­га има по­е­дин­ци во судс­тво­то што хра­бро ја бра­нат прав­да­та, за што зна­е­ме де­ка тр­пат пос­ле­ди­ци – ним им по­ра­чу­вам да не се гри­жат. Нив­на­та жр­тва де­нес, ќе би­де нив­на пред­ност по 11 де­кем­ври“. Не слу­чај­но, во со­оп­ште­ни­е­то го згре­ши­ја ток­му збо­рот „ПРАВДАТА“, за­тоа што и тие не ве­ру­ва­ат де­ка со тоа ќе ја за­шти­тат ПРАВДАТА.

Ка­ко и да е, ќе бе­ше исто до­кол­ку ка­же­ше и „Тие по­е­дин­ци што ќе ја ус­лу­жат Ка­ти­ца не­ма да би­дат за­бо­ра­ве­ни! Нив­на­та жр­тва де­нес, ќе би­де нив­на пред­ност по 11 де­кем­ври!“ Од­нос­но, нив ги че­ка уна­пре­ду­ва­ње, а мо­же и да се нај­дат на ли­сти­те на СДСМ за пра­те­ни­ци во ид­ни­на, или, пак, да ги вра­бо­тат во СЈО или во не­ко­ја дру­га пар­ти­ска фи­ли­ја­ла. Ви­стин­ски­от проб­лем не е во тоа што СЈО има уште мал­ку вре­ме од ман­да­тот, а те­пач­ка­та за ли­сти­те се ви­де ми­на­та­та не­де­ла, ту­ку во тоа што су­ди­и­те мно­гу до­бро зна­ат де­ка За­ев не­ма да по­бе­ди. Та­ка овие за­ка­ни ис­чез­наа во ве­тер, а освен си­лен потс­мев, пре­диз­ви­каа и ин­стант по­тсе­ту­ва­ње на „Среќ­на но­ва 1996“, ко­га за са­мо еден ден СДСМ, без опо­зи­ци­ја во Со­бра­ни­е­то, из­бра не­ве­ро­јат­ни 600 су­дии. Да, 600 су­дии на ед­на сед­ни­ца. Тоа бе­ше пред са­мо две де­це­нии, а су­ди­и­те не одат во пен­зи­ја на 40 го­ди­ни, та­ка што нај­го­ле­ми­от дел од нив сѐ уште ра­бо­тат во судс­тво­то. Е се­га, исти­от тој „де­мо­крат­ски“ СДСМ, за­гри­жен за судс­тво­то (са­мо со друг, по­ра­ди­ка­лен и по­об­ви­нет ли­дер), нај­а­ви но­ва це­лос­на сме­на на су­ди­и­те и рас­пу­шта­ње на судс­тво­то са­мо за да одо­бро­во­лат су­ди­ја да за­ми­жи на не­ма­ње­то до­ка­зи и да по­твр­ди не­кој од слу­ча­и­те на СЈО што се ка­ко ме­ур од са­пу­ни­ца. За глу­по­ста да би­де по­го­ле­ма, пар­ти­ја­та со жел­ба да ста­не „из­врш­на“ власт, се­га нај­а­ви де­ка ќе ја ме­ну­ва суд­ска­та власт во др­жа­ва­та?! Не­ка ја сме­нат и за­ко­но­дав­на­та, ко­га оди – оди. Не­кој ту­ка се­ри­оз­но за­бо­шо­ту­вал на ча­со­ви­те по по­ли­тич­ки си­стем…

 

Кокошката сонила просо, Заев реваншизам

За­ев и пар­ти­ја­та, не са­кај­ќи, се отво­ри­ја и на дру­го по­ле. И си се по­твр­ди­ја се­бе­си и дејс­тву­ва­ња­та во ми­на­то­то, ка­ко и фа­ктот де­ка ни­што не е слу­чај­но во жи­во­тот. Уште по­мал­ку во по­ли­ти­ка­та. Со ед­на не­по­треб­на, не­е­фект­на и про­ста прес-кон­фе­рен­ци­ја си го по­ка­жаа ви­стин­ско­то ли­це и на­ме­ри­те за ШББКББ ко­га би дош­ле на власт. Јас­но си ука­жаа на си­от ре­ван­ши­зам, кој за мно­гу го­ди­ни отсе­га т.е. по нив­на­та по­бе­да, тре­ба да го оче­ку­ва овој на­род. Глав­ни­от пре­дус­лов до­то­гаш ќе би­де СДСМ да по­стои ка­ко пар­ти­ја, се­ка­ко, ако не би­де пре­га­зен од ви­стин­ски ле­ви­ча­ри. Ва­ка, пар­ти­ја­та што од ле­ви­ца има са­мо пет-шест ле­ву­ча­ри во сво­и­те ре­до­ви, со нај­а­ва­та за це­лос­на „пер­е­строј­ка“ во судс­тво­то приз­на де­ка збо­ро­ви­те на нив­ни­от ли­дер од пред шест го­ди­ни во Ва­лан­до­во, со кои нај­а­ви де­ка ќе ја­дат жи­ви лу­ѓе и ќе ме­ну­ва­ат од чи­стач до ми­ни­стер, се ре­а­лен кош­мар за Ма­ке­до­не­цот, а не­гов ви­стин­ски, не­ос­тва­рен сон. „Ве­лат вие сте ме­ки лу­ѓе, вие за­бо­ра­ва­те, ве­лат ќе од­ми­не вре­ме­то и ќе би­де­те пак исти, ве зна­е­ме, да им ка­же­те, исто та­ка, бе­ше За­ев, ап­се­ни­от За­ев, жи­ви лу­ѓе има да ја­де­ме по тоа!“ Та­ка збо­ру­ва­ше ли­де­рот, не и За­ра­ту­стра. На­стра­на што не­го­ви­те бе­се­ди, гле­да­но спо­ред лич­ни­от реј­тинг и реј­тин­гот на пар­ти­ја­та, до­преа са­мо до мал­ку­те „на­тсо­ци­јал­де­мо­кра­ти“, исфру­стри­ра­ни ли­ко­ви, кои искре­но ве­ру­ва­ат де­ка се дел од не­ка­ква су­пе­ре­ли­ти­стич­ка рас­а, ко­му­ни­стич­ки че­да со си­на крв, пре­до­дре­де­ни да вла­де­ат.

За­ев се отво­ри уште по­ве­ќе во прет­ход­но­то, не­за­бе­ле­жа­но ин­терв­ју, ка­де што нај­а­ви и де­ка си­те ин­сти­ту­ции што се ко­ре­кти­ви на вла­ста, Др­жав­ни­от за­вод за ре­ви­зи­ја, ан­ти­ко­руп­ци­ска­та ко­ми­си­ја, ан­ти­мо­но­пол­ска­та по­зи­ци­ја, ан­ти­ди­скри­ми­на­тор­ска­та ќе ги во­де­ле не­за­вис­ни струч­ња­ци за да ја чу­ва­ле Ма­ке­до­ни­ја од СДСМ?! И та­ка, на­ме­сте­ни­от „ла­жен екс­перт“ со кој ја за­ме­тку­ва­ле јав­но­ста де­ка ги раз­би­ра­ат и гра­ѓа­ни­те, ќе би­де волк што ќе го чу­ва „ста­до­то“ од вол­ци­те (што би ре­кол Пен­да­ров­ски)?! Сре­ќа за си­те е што ов­де се ра­бо­ти за ов­ци во вол­че­шка ко­жа. Ре­ван­шиз­мот е дам­неш­на жел­ба на ли­де­рот и на тие око­лу не­го, но за да дој­де­те до не­го тре­ба да ис­пол­ни­те не­кол­ку ус­ло­ви. Пр­ви­от и ос­нов­ни­от е да по­бе­ди­те на из­бо­ри, за­тоа што не би­ва по­и­на­ку. До соз­да­ва­ње­то на ус­ло­ви­те за та­кво не­што, пак, ли­де­рот и вр­ху­шка­та ќе би­дат са­мо гр­до по­ли­тич­ко ми­на­то. Се­ка­ко, ако во­оп­што по­стои и пар­ти­ја­та…

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 220. број на неделникот „Република“, 18.11.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top