| четврток, 6 декември 2018 |

Фенербахче ја прекина црната серија, голема победа на Црвена Звезда

pero-antic

Составот на Фенербахче ја прекина серијата од три порази во Евролигата и повторно на домашен терен се радуваше на триумф.

Составот од Истанбул по победата на гостински терен над Галатасарај на 28 октомври загуби од Уникс Казан, Басконија и Макаби Тел Авив пред вечерва во своите гледачи да го добие својот голем ривал од Турција, Анадолу Ефес со 88-80.

Фенер лошо тргна и првите 10 минути ги заврши со негатива од 25-17. Меѓутоа Обрадовиќ најде начин да ги врати своите пулени кои до полувремето направија пресврт (43-42) за да потоа одиграат на повисоко ниво од ривалот во продолжението за петта победа во сезоната.

Весели и Слукас искомбинираа 41 поен, додека кај Ефес листата на стрелци ја предводеше Гренџер со 19 кошеви. Нашиот Перо Антиќ имаше скромен ефект и за 7 минути на теренот даде два поени и реализираше два скока.

Следниот меч за четата на ОБрадовиќ е гостувањето кај Емпорио Армани во Милано.

Токму екипата на Милано синоќа загуби на жешкото гостување во Белград кај Црвена Звезда. Пред преполната „Комбанк Арена“ црвено-белите одиграа феноменален натпревар, а беа предводени од репрезентативното крило Марко Симоновиќ кој одигра најдобро кога е најпотребно реализирајќи 23 поена за нешто помалку од 25 минути игра.

Црвена Звезда следниот меч го игра во Истанбул против Анадолу Ефес на 24. ноември.

Во останатите два натпревари одиграни вчера, Макаби славеше тесна победа на гостувањето кај Уникс Казан од 74-73, додека Басконија со целосен пресврт во последната четвртина стигна до победата над Бамберг од 81-74.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top