| четврток, 6 декември 2018 |

Србија на нозе – украденото оружје е за нов атентат на Вучиќ?

vu

Од еден од складовите со вооружување и муниција во гарнизонот Белград исчезнале 70 полуавтоматски пиштоли ЦЗ-9.99 милиметри, пет автоматски пушки М-70 АБ2 7,62 милиметри и два сандука муниција со калибар 7,62 милиметри и девет милиметри, соопшти денеска српското Министерство за одбрана.

Како што наводува Танјуг, недостатокот во вооружување бил утврден при редовна контрола на состојбата на материјалните средства.

Министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Србија по овој повод формирале комисија задолжена за утврдување на причините „за предизвикувањето на овој вонреден настан“, а министерот наредил и вонредна контрола на сите магацини со лично вооружување и опрема, се напоменува во соопштението на министерството.

Во истражните дејствија се вклучени Военобезбедносната агенција, Воената полиција и Обвинителството, се наведува од Министерството за одбрана и се додава дека за резултатите од истрагата јавноста благовремено ќе биде известена.

Орхан Драгаш, директор на Меѓународниот институт за безбедност, истакнува дека ова претставува скандал од најголеми размери, како и дека ова може да значи реактивирање на намерата за атентат на Вучиќ.

-Ако складиштата на војската не се безбедни, што се можеме да очекуваме?Ова е првенствено пропуст на наделжните органи, Министерството за одбрана и војската на Србија. Посебно бидејќи се работи за складиште на вооружување кое мора да има највисок степен на заштита и обезбедување. Најмалку е важно колку ова оружје вреди, важно е за што се тоа може да се употреби. Ако пред неколку недели имавме недвосмислен случај на загрозување на безбедноста на премиерот и неговото семејство, јасно е дека оние што се обиделе нема да застанат само на тој обид. Крајно време е премиерот да направи рез во безбедносниот сектор во Србија и на чело на службата да постави луѓе кои стручно и одговорно ќе ја работат својата работа – оценува Драгаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top