| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел му заблагодари на Обама за осумгодишната соработка и пријателство

angela-merkel-barack-obama-beziehung

Германската канцеларка Ангела Меркел му се заблагодари на американскиот претседател во заминување Барак Обама за осумтте години блиско пријателство и соработка, јави ДПА. Обама пак, ја нарече Меркел исклучителен партнер.

Двајцата лидери одржаа заедничка прес-­конференција по билатералната средба во Берлин. При крајот на средбата Обама истакна дека ова не е неговата последна посета во Германија, наведувајќи дека ќе присуствува на овогодишениот „Октоберфест“. ­

– Тоа е нешто, кое е подобро да го направиш како поранешен претседател, отколку како актуелен, објасни Обама.

Зборувајќи за посериозни теми, тој нагласи дека ЕУ е едно од најголемите политички постигнувања во светот. Тој сепак предупреди, дека ова достигнување не треба да биде земено како готово, и треба да биде надградувано и заштитено од луѓето.

Претседателот на САД потсети дека, поделбите во Европа во 20 век треба да ги потсетуваат луѓето колку е важно тие да работат заедно, дополнува ДПА.

На прес­-конференцијата двајцата лидери опфатија редица теми како новиот претседател на САД, Сирија, Украина, договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, Брегзит, Русија, сајбер­ нападите, како и терористичките закани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top