Ероглу за агенцијата „Анадолија“ рекол дека еден или повеќе потпретседатели ќе му помагаат на претседателот Реџеп Таип Ердоган
-Во новиот систем нема да има премиер. Генерално, ќе постои претседател и покрај него потпретседател, како во Соединетите Американски Држави. Можеби ќе имаме повеќе од еден потпретседател – рекол Ероглу и додал: Законодавната и извршната власт ќе бидат одвоени.
Турскиот претседател веќе подолго време бара претседателски систем во кој претежно церемонијалната функција на претседател ќе добие извршни овластувања. Опозициските партии се противеле на претседателскиот систем од страв дека тоа би му овозможило неконтролирано владеење на Ердоган.
Меѓутоа, владата започнала преговори со една националистичка партија која неодамна навестила дека би можела да го поддржи претседателскиот систем на референдумот во пролет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.