
Времето утре во Македонија ќе биде сончево. По одделни котлини и по речните долини ќе има слаба магла. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 11 до 16 степени. Во Скопје слично време, сончево со слаб југоисточен ветер и со појава на слаба магла. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има слаба магла, а во утринските часови на повеќе места температурата ќе се спушти под нулата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


