Тесната победа на Мајами над Чикаго Булс од 94:91 во петтиот натпревар значи пласман во финалето на источната конференција за трета последователна сезона, каде што ќе го чекаат победникот од серијата помеѓу Никс и Пејсерс. Џејмс даде 23 поени, Вејд уфрли 18, а тој одигра брилијантни последни 45 секунди на мечот. Во тој кус период Вејд имаше блокада, дефанзивен и офанзивен скок и едно забивање, што е неверојатен учинок за само 45 секунди.
По пет одиграни натпревари, Мемфис ја елиминира Оклахома на гости со 88:84 и ќе игра историско финале во западната конференција. Зак Рендолф, крилото на Мемфис беше херој на тимот, што за првпат во клупската историја ќе игра конференциско финале. Постигна 28 поени и имаше 14 скока, но за малку ќе беше трагичар на мечот. Тој, при резултат 86-84 промаши две слободни фрлања на 14 секунди до крај. На спротивната страна Кевин Дурент се обиде да израмни, но и тој промаши, па финишот сепак му припадна на Мемфис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.