Цената на нафтата утрово падна под 94 долари за барел, по објавувањето на извештајот на Американскиот нафтен институт дека се зголемени резервите.
Американската „лесна“ нафта, која треба да биде испорачана во јуни, поевтини на Берзата во Њујорк за 38 центи и чини 93,92 долари за барел.
На берзата во Лондон еден барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 32 центи и чини 103,18 долари.
Американскиот нафтен институт во својот вчерашен извештај соопшти дека големите резерви и предвидувањата за слабиот раст на глобалната економија ги потиснаа цените на нафтата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.