Синот на Снежана Ѓуришиќ, Марко Гвозденовиќ, кој од порано е познат по бесното возење, предизвикал сообраќајна несреќа и избегал од местото.
Кога Гвозденовиќ со предната страна на автомобилот удрил во оној пред него, веднаш избегал од лице место. Меѓутоа полицијата брзо го пронашла и процесуирала.
Ова не е прв Марко да се наоѓа во написите за хроника, бидејќи во 2001 година предизвикал сообраќајна несреќа, кога возејќи во пијана состојба ја усмртил тогашната девојка Јелена. Поради тоа дело Гвозденовиќ е осуден на 4,5 години затвор.
Исто така основното обвинителство во Белград покренало предистражна постапка против него во 2015 година, поради насилство во семејството, кога ја претепал сопругата Ѓ.Г, нанесувајќи и тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.