| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија има поголем извоз во Баварија од Ирска, Шведска, Индија, Србија и Данска

Во рамки на посетата на партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ на покраината Баварија претседателот на партијата, Никола Груевски и членовите на партискиот извршен комитет, денеска остварија средба со стопанската комора на Баварија и со директорот на комората Франк Долендорфт.

На средбата помеѓу двајцата е посочено дека Македонија има поголем извоз во Баварија од многу други држави членки на Европската унија.

%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%be%d0%b7

Во Македонија изминатата година е забележан раст на извозот од 23.3 отсто и вкупниот извоз изнесува над 1 милијарда и 450 милиони евра.

Македонија се наоѓа на (23) место, за разлика од Ирска која е зад нас и се наоѓа на (24) место, Шведска на (26) место, Индија на (28), додека Данска се наоѓа на (33) место, а нашиот сосед Србија се наоѓа на предпоследното место (38) од вкупно 40 држави.

Во нашата држава во моментов има повеќе германски компании, а голем дел од работните места зависат и од извозот во Баварија.

Баварија е покраината која важи за моторот на германската економија и е една од најразвиените покраина со 13 милиони жители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top