Околу 20 објекти треба да се уриваат на трасата за продолжување на булеварот Србија кон Кисела Вода. Во моментов Град Скопје работи на расчистување на имотно-правните односи, кои се пречка за пробивање на сообраќајницата.
Со пробивањето на оваа сообраќајница, Сопиште и овој дел од Кисела Вода директно ќе се поврзат со Аеродром.
Според проектот, новата сообраќајница ќе биде долга 860 метри, ќе има четири ленти и средишно зеленило, како и тротоари од двете страни на булеварот.
Проектот за изградба на булеварот вклучува и изградба на кружен тек со дијаметар од 36 метри на сегашната последна автобуска постојка на линијата број 24. Кружниот тек ќе има две коловозни ленти со широчина од 4,75 метри, со пет влеза во него.
Изградбата на овој дел од булеварот Србија треба да заврши во првата половина на наредната година, а за овој проект, од буџетот на Град Скопје за 2017 година се предвидени 85 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трајановски на терен: Интензивно се работи на пробивање на булеварот „Србија“ (Фото)
-
Се комплетира булеварското поврзување на Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба, ќе се гради нов кружен тек
-
Еден милион евра за изградба на нова фаза од булеварот „Србија”
-
Почнува проширувањето на булеварот Србија со нов кружен тек (фото)