| четврток, 6 декември 2018 |

ЕХФ ќе добие нов претседател, Начевски останува главен на судиите

Михаел Видерер денеска и официјално ќе биде избран за нов претседател на ЕХФ, на Конгресот на европската куќа на ракометот што се одржува во Санкт Волфганг, Австрија. Видерер, кој со години наназад ја извршуваше функцијата Генерален секретар во ЕХФ, сега ќе се искачи чекор погоре и целосно ќе раководи со оваа организација наследувајќи го Жан Брио, кој е принуден да се повлече поради старосната граница од 68 години што е пропишана за оваа одговорна функција.

rakometna-federacija

На конгресот е присутна и делегација на Ракометната Федерација на Македонија предводена од претседателот Живко Мукаетов. Најважен за македонскиот ракомет треба да биде реизборот на Драган Начевски како прв човек на судиската организација. Тој е единствениот кандидат за оваа функција по повлекувањето на Чехот Конечни, а потврдувањето на Македонецот на одговорната функција според дневниот ред ќе се случи вечерва или најдоцна утре наутро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top