Пред два дена СДСМ во Струмица ја скандалозно ја злоупотреби администрацијата за снимање партиски спот за кампањата, сега тоа продолжува и во Скопје .
Додека генералниот партиски секретар Оливер Спасовски и Александар Кирацовски од позиции на технички функционери во власта нагласуваат дека тоа спротивно на законот и дека ќе казнувале за злоупотреби, сета администрација на лидерот Зоран Заев, заедно со учители, професори и негувателки од градинките со наредба биле извадена во парк за снимање во партиски цели.
И Спасовски и Кирацовски на тоа останаа слепи. Ништо не е поразлично и во Скопје, а не се очекува двајцата технички функционери од СДСМ тоа да го регистрираат или да го казнат. ПОЦ на Богдановиќ повторно е ставен во партиска служба, со што СДСМ продолжува со злоупотреба на администрацијата, и покрај реакциите по злоупотребите во Струмица.
Во Скопје и сега, како и во претходни наврати, вработените во Паркинзи на општина Центар, се ставени во улога на партиски лепачи на плакати. Тие наместо да се грижат за редов во паркирањето, од директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ, познат член на СДСМ, добиле наредба на секој паркиран автомобил да остават рекламен партиски материјал. Тоа е спротивно и на Законот за вработени во јавниот сектор и спротивно на Законот за административни службеници. Истовремено ова е и предвремено влегување во кампања со што се прекршува и изборниот законик.
Злоупотребата на вработените во ПОЦ во партиски цели на СДСМ не е новина во работењето на Богдановиќ. Тие исто така беа ангажирани да лепат постери и рекламен материјал за таканаречениот Марш на булеварот Партизански одреди во Скопје кој што го организираше СДСМ за 11. Октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.