| четврток, 6 декември 2018 |

Лорис и Кејн ги прекинаа преговорите со Тотенхем

Чуварот на мрежата на премиерлигашот Тотенхем, Хуго Лорис и напаѓачот Хари Кејн ги „замрзнаа“ преговорите за продолжување на соработката со лондонскиот клуб и останување на „Вајт Харт Лејн“. Актуелниот договор на Лорис истекува во јуни 2019 година и според информациите, двете страни не успеале да се договорат за финансиските услови.

Истата е ситуацијата и со напаѓачот Хари Кејн, а двајцата фудбалери очекуваат неделна плата од 100.000 фунти и тешко е за очекување дека раководството на клубот може да им понуди такво зголемување на нивните примања.

Имено, двајцата играчи кои важат за најдобри во Тотенхем бараат да имаат поголема плата од Сисоко, кој како најскапо засилување во минатиот преоден рок заработува по 95.000 фунти неделно. Челниците на лондонскиот клуб децидно ги отфрлиле ваквите барања, па се посериозна е можноста „спарси“ да размислуваат и за продажба на овие фудбалери, за кои се интересираат бројни европски гиганти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top