| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Борче Начев се жени в сабота

Познатиот македонски актер кого најмногу го знаеме по филмот „Сенки“, Борче Начев, в сабота ќе прави свадба со неговата долгогодишна девојка Александра. Борче се запознал sо Александра, која по професија е  балерина, во 2009 година, за време на подготовките на претставата „Триол и Кресида“, за чија кореографија се погрижила токму таа.

borce i aleksandra1Тие веќе живеат заедно во скопската населба Карпош. Александра е професорка во Средното балетско училиште, каде што предава модерен балет. На свадбата на триесетгодишниот актер од Струмица се поканети неговите колеги од матичната куќа, Македонски народен театар, како и колегите од останатите театри со кои тој соработува.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top