| четврток, 6 декември 2018 |

Рос Браун ги повлекува зборовите кажани за Шумахер

ros-braun

Идниот спортски директор на Формула 1, Рос Браун, неодамна се јави со свој коментар за состојбата на Михаел Шумахер. Ниту тој не можеше да остане ’покус’ покрај коментарите на Луда ди Монтеѕемоло и Берни Еклстон. Браун обелодени дека има охрабрувачки прогрес кој им дава надеж на сите блиски на седумкратниот светски шампион кој пред три години имаше страшна несреќа при скијање на француските Алпи.

Сега, неколку седмици подоцна, Браун се предомисли, па во интервју за „Гардијан“ тој демантира речиси сè што кажа.

– Бев цитиран дека кажувам како тој покажува напредок во својата рехабилитација, но тоа не е всушност она што го имав на ум и сакав да го пренесам. Не би сакал дополнително да ја коментирам неговата состојба бидејќи неговото семејство ја цени својата приватност. Целата оваа ситуација е ужасно трауматична за неговите блиски. Михаел имаше силен карактер и сите го чекаме денот кога тој повторно ќе биде како порано – Браун сега се демантира себеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top