| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка го порази Чилиќ и остана во игра за полуфиналето

stanislas-vavrinka

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка го совлада Марин Чилиќ со 2-0 во сетови (7-6, 7-6) и стигна до првата победа на завршниот турнир на најдобрите осум тенисери во Лондон. Тој со ова ги задржа шансите да се пласира во полуфиналето.

Во тежок и неизвесен меч, Вавринка славеше со подобра игра во два тај-брејка. Чилиќ грешеше многу повеќе во „тринаесеттата игра“, па Вавринка победи со 7-3 на поени и во првиот и во вториот сет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top