Фризурата што и по две децении сѐ уште го држи приматот за најлоша фризура на сите времиња е таа на Џенифер Анистон во првата сезона од култната серија „Пријатели“.
Единственото логично објаснување за тоа како настанала оваа е фризура е откриено неодамна. Имено, нејзиниот создавач во моментот бил под дејство на наркотични средства.
Во интервју, кое го дал за познатиот моден портал WWD, фризерот Крис Мекмилан признал дека во текот на настанувањето на легендарната фризура во 1994 година, односно додека ја „обработувал“ Џенифер Анистон бил под дејство на марихуана.
– Чист сум веќе 14 години, па имам доволно самодоверба и конечно можам и да признаам – рекол Крис, кој со Анистон повторно се здружил кон крајот на минатата година за заедно да ја креираат новата линија производи за потребите на еден козметички гигант, а која пред неколку денови официјално ја претставиле во Њујорк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.