Колку подобар секс и повеќе оргазми – толку посреќна е врската. Но, како да го совладате најголемиот женски проблем – загарантираниот оргазам?
Постојат најмалку 5 секс пози кои може да ги пробате со цел таа да го достигне врвот:
1. Техника на израмнување
Како да ја изведете: Започнете со мисионерска поза, но наместо да ги раширите нозете овој пат стегнете ги околу неговата половина и свиткајте ги кај колениците како на сликата. Тој мора да е во линија со женското тело, не исправен под било каков агол.
За подобар ефект секогаш можете да ја подигнете половината со перница и да користите лубриканти за истовремена стимулација на клиторисот.
2. Жената одозгора
Како да ја изведете: Потребно е тој да лежи на грб, а вие да се качите на него и да се допрете за неговото торзо. Наместо класичната каубојка, тука треба да се лизгате напред-назад. Исто така пробајте и движење на колковите во круг.
За подобар ефект секогаш можете да се свртите обратно, со главата накај неговите нозе. Ова ќе му понуди спектакуларен поглед, а жената ќе ги испроба работите „од поинаков агол.“ Секое навалување наназад може да биде дополнителна стимулација на Г-точката.
3. Пречекорување на страна
Како да ја изведете: Мажот треба да легне и да ја свитка едната нога кај коленицата, додека другата стои исправена. Жената треба да се „прекачи“ на ногата кога е свиткана, како на сликата, и да клекне на коленици.
За подобар ефект може да ги раширите или стесните нозете, зависно што ви претставува поголемо задоволство.
4. Кучешка поза
Како да ја изведете: Жената треба да е потпрена на колениците и рацете, со вовлечен грб. Партнерот е позади неа и ги држи колковите.
За подобар ефект може да го промените аголот така што ќе ги спуштите лактите. Исто така може да одредите дали вие ќе ги движите колковите наназад или само ќе мирувате. Плус, секогаш тој може благо да легне врз вас и да го зголеми притисокот на целата поза.
5. Мост
Како да ја изведете: Легнете како во позиција за мисионерска поза. Тој треба да биде потпрен на коленици, додека жената треба да го подигне грбот и задникот и да ги поткрене стапалата. Мажот ја води целата игра и ја одржува тежината на жената.
За подобар ефект може да испробувате разни агли. Исто така наместо да стоите на прсти, може да му дозволите тој да ви ги држи нозете во линија на половината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.