Мајкл Солаков, успешен бизнисмен со македонско потекло стана член на Бордот на директори на организацијата за Спроведување на законот против дрога на улиците и во училиштата (ЛЕАД).
Мајкл Солаков е извршен директор на GL Gropup, Inc., коорпорација за конструкција и развој лоцирана во Блумингејл. Солаков исто така е претседател на групацијата, односно канцелариите во Софија, Бугарија и Скопје. Групацијата изминативе 30 години се развива континуирано и сега опслужува влади, комерцијални и индустриски ентитети, како и приватни субјекти, работејќи за создавање на здрава животна средина.
Солаков исто така е и член на Бордот коалиција за меѓународни врски и спроведување на правото, која што е мрежа на правни лица, владини и корпоративни лидери, кои што креираат и промовираат мрежа помеѓу оние кои го спроведуваат законот во САД со истите субјекти во другите држави. Мајкл е оженет за Елена, има две деца, Викторија и Били.
Солаков од неодамна е член и на Бордот на директори на организацијата ЛЕАД, невладина организација за спроведување на законот против дрога на улиците и во училиштата. ЛЕАД е непрофитна организација за поддршка која е посветена за полицијата, се залага за заштита на младината и општините од зголемување на употребата на дрога, криминал поврзан со дрога, интернет злоупотреба и насилство.
Својата мисија ја спроведуваат во соработка со едукатори, општински лидери, семејства како и останатите слични организации. Нудат ресурси, стратегија и менаџмент за да се спроведе нивната мисија. Визијата им е да се создадат здрави заедници, без дрога, злоупотреба и насилство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Македонец од Виена и Србин од Марвинци шверцувале антички монети и артефакти со непроценлива вредност
-
Камионот цел ден го ваделе од насипот, штета над 200 илјади евра: Фотографии од сообраќајката во која Македонец излета од пат во Германија
-
Македонец избоден до смрт пред ресторан во Мелбурн